Какви пораки му пренесоа од Алијансата за Албанците на Хојт Ји?
Објавено во: Македонија 30 Април, 2017
Генералниот секретар на Движење за реформи на ДПА, Арбен Таравари и пратеникот на Алијансата за Албанци и претседателот на НДП, Весел Мехмеди денеска одржаа состанок со високиот официјален американски претставник, заменик-секретар, Секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји.
„Нашите претставници го информирале заменик/помошник Американскиот секретар Хојт Брајан Ји и за настани кои се случија во Собранието на Р.Македонија, како и здравствената состојба на лидерот на Движење за реформи на ДПА, Зијадин Села, кој поради здравствени причини не беше во можност да биде дел од средбата. Највисокиот американски дипломат Хојт Ји, беше информиран и за придонесот на Алијансата за Албанците и нивните пратеници, за надминување на политичката ситуација, како и политичка поддршка на Алијансата за Албанците за деблокирање на институции кои се резултат на изборот на претседателот на Собранието на Република Македонија и подготвеноста на Алијансата за Албанците да се формира што е можно поскоро, новата реформистичка Влада на РМ од парламентарно мнозинство“ - информираат со соопштение.
Претставници од Алијансата за Албанците им се заблагодариле на дипломатска улога, како и политички континуираниот придонес на САД, преку нивната Амбасада и Американскиот Амбасадор во Скопје Џес Бејли, за надминување на оваа политичка ситуација и политичка стабилизација во интерес на безбедноста на граѓаните на РМ и инсталирање на демократските вредности.
Тие им се заблагодарија на официјалната политика на САД, кои и официјално го призна изборот на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери од страна на мнозинството од последните парламентарни избори. Таравари и Мехмеди побара политиката на САД да продолжи да биде присутна во иднина, бидејќи ориентацијата на Р.Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ продолжува да биде приоритет и стратешка определба на Р.Македонија и за нејзините граѓани.