Какви злоупотреби истражува финансиската полиција кај Стевчо Јакимовски?
Објавено во: Македонија 07 Август, 2018
По претресот во домот на екс-градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, полицијата се упати и во неговата втора куќа на Жданец, објави Макфакс.
Финансиската полиција, попладнево истражува злоупотреби од страна на Јакимовски во врска со три тендери, од кои два за општинските бараки, а еден за плоштад во Жданец.
Јакимовски тврди дека овие обвинувања не можат да бидат насочени против него, бидејќи работите за кои го сомничат ги вршат општинските служби.