03 Мај, 2024
0.0242

„Калашников“ пушта своја модна линија

Објавено во: Стил 09 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Најголемиот руски производител на оружје - Концернот „Калашников“ ќе пушти сопствена модна линија на облека и додатоци. До крајот на годината во Русија ќе бидат отворени 60 корпоративни продавници, во кои ќе се продаваат како традиционалното оружје, така и модна стока со брендот „Калашников“. Во интервју за весникот „Известија“ маркетинг директорот Владимир Дмитриев раскажува како во врската со донесение санкции против Русија, Брендот требало да ја открие политиката на маркетингот - голем дел од оруженото и спортско вооружување се продава во САД и Европа. Сега Концернот се ориентира кон родните клиенти. Презентацијата на линијата облека и додатоци ќе биде во септември, на форумот „Army 2016“ во Московската област. А кој ќе го развива дизајнот на облеката, сеуште не е јасно. „Калашников“ не е единствената компанија која се стреми максимално да го промовира брендот. Во 2014 година производителот на Вооружената техника „Уралвагонзавод“ отвори продавница, од која може да се купат маици, јакни и чевли во стилот на милитари, спортски торби и други сувенири.