Камерон ја отфрли можноста за втор референдум
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2016
Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека нема да има втор референдум во Велика Британија во врска со членството на Велика Британија во Европската унија, пренесе Independent.
Портпаролот на премиерот најави дека нема веројатност за спроведување на прегласување. Изјавата е во врска со петицијата за втор референдум, кој во последните неколку дена собра скоро 3 милиони потписи.
Официјалните преговори за напуштање на земјата од Унијата ќе започнат откако Британија го активира чл. 50-ти, со што ќе започне двегодишната постапка за повлекување на Велика Британија од ЕУ.