КАМИОНЏИЈА УСМРТИЛ МАЈКА И ДВА СИНА ВО ХРВАТСКА: Загинатите се од Србија
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2021
Несоодветната брзина со која возел босанскиот државјанин Армин Б, возач на камионот, е причина за страшниот судар што се случил вчера околу 15 часот и 10 минути на автопатот кај Окучани, во кој животот го загуби тричлено семејство од Србија.
Полициската истрага траела до доцна во ноќта. Возачот на камионот е уапсен на лице место, а против него е поднесена кривична пријава за предизвикување сообраќајна незгода со смртен исход, за која се заканува повеќегодишна затворска казна.
Според кривичната пријава, Армин во 15 часот и 10 минути управувал камион со приколка со кој се превезувале автомобили. Како што било утврдено, тој не ги приспособил своите возачки способности на условите за возење, во време кога патот бил лизгав. Од тие причини во еден момент преминал на спротивната страна од патот, а потоа го пресретнало „рено“ управувано од Д.П.(38), со кого, според неофицијални информации, биле неговата мајка (57) и брат му кој е 35 години.