04 Мај, 2024
0.0251

Со поддршка на УСЈЕ невладината „Го грин“ организира

„Камп за климатски промени“ за млади екологисти

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Еколошко лидерство, одржлив развој и климатски промени се главните теми на „Кампот за климатски промени“, кој се одржува во Охрид, во организација на невладината организација „Go Green“ („Го грин“).  Во активностите што се одржуваат во рамките на кампот, триесетина млади учесници работеа на обука и усовршување на своите вештини и знаења, како и запознавање со најновите светски трендови од областа на екологијата.

Заштита на животната средина не е само прашање на волја за приклучување кон одредени акции, туку систем од континуирани и целисходни акции за што е потребно знаење. Само со системска акција и создавање на модели кои ќе гарантираат заштита на животната средина можеме да зборуваме за подобра и почиста околина за сите. Токму тоа е цел на овој капм и на сите други наши активности што ги правиме во континуитет и ќе продолжиме во следниот период. Поддршката во овие процеси е драгоцена и само преку заедничко залагање ќе имаме напредок, што ќе биде во интерес на сите нас“, истакна Антонио Јовановски од „Go Green“

Летниот „Камп за климатски промени“ во организација на „Go Green“ е дел од долгогодишната соработка со Цементарница УСЈЕ, која како дел од својата општествена одговорност континуирано поддржува проекти за заштита и унапредување на животната средина, како и едукација на различни полиња.

Искрената заложба на младите луѓе да помогнат во заштита на животната средина е само дополнителен поттик за да ја интензивираме нашате поддршка за ваквите иницијативи и да придонесеме кон поголема едукација на младите. Продолжуваме во таа насока и во следниот период“, истакнаа од Усје. 

Од почетокот на годината, УСЈЕ даде свој придонес и поддршка и на неколку други реализирани проекти, меѓу кои се „Отворен ден во УСЈЕ“, традиционалната „Младинска конференција за целите за одржлив развој на Обединетите Нации“, како и панел дискусијата по повод Европската недела на одржлива енергија.

Од декември 2008 година, Цементарница УСЈЕ е член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, компанијата се обврза дека ќе ги почитува десетте клучни принципи за добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина. Дополнително, во 2014 година, Цементарница УСЈЕ целосно ги исполни сите обврски предвидени со А–Интегрираната Еколошката дозвола, а продолжи и со реализацијата на бројни општествено одговорни иницијативи во областа на животната средина. 

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото