КАРАЏИЌ TОП ТЕМА: Го нарекоа крвник и воен злосторник со 1.000 лица
Објавено во: Балкан 20 Март, 2019
Откако првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ денеска во Хаг беше осуден на доживотен затвор, по што сите регионални и светски медиуми ја објавија веста.
АФП пишува дека тој е воен злосторник со 1.000 лица, при што се наведува дека бил лекар и поет.
Ројтерс потсетува дека Караџиќ во 2016 година е осуден за масакрот во Сребеница од 1995 година, кога се убиени 8.000 муслимани.
Би Би Си наведува дека овој масакр е најголем ужас во Европа по Втората светска војна.
Гардијан пишува дека тој е еден од последните воени злосторници кој се наоѓа во Хаг.
Аваз пренесе дека крвникот добил доживотен затвор.
Бугарската новинска агенција БГНЕС дава детален извештај за пресудата, ја пренесува изјавата на адвокатот на Караџиќ, но и потсетува како течел процесот против Караџиќ.
Слободна Босна ја пренесува реакцијата на самиот Караџиќ, пишуваат дека голтал кнедли, и гледал во под.