16 Јануари, 2022
0.0266

Каратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканскиот шампионат

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2021

Со четири сребрени и две бронзени медали се закитија каратистите на клубот „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори што викендов се одржа во Риека. Претставниците на екипата од Скопје, што се дел и од македонската репрезентација, беа дел од собирот на којшто учество зедоа 13 држави и 731 натпреварувачи.

- Задоволни сме од настапот на нашите каратисти кои ги бранеа боите на Македонија на ова елитно регионално натпреварување. Балканот е најквалитетен регион во светската карате-федерација и затоа тешко е да се освои медал, има навистина голема и квалитетна конкуренција. Можевме да постигнеме и повеќе во поединечните настапи на нашите каратисти, но за освојување на медал одлучуваа моменти. Генерално сме задоволни од нашиот настап, направивме одлична контрола пред државното првенство што треба да се одржи следниот викенд и ќе има изборен карактер за влез во репрезентацијата на следното европско првенство што ќе се одржи во Прага - изјави тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски.

Стефан Стојановиќ, којшто е и актуелен јуниорски шампион на Европа во категоријата над 84 килограми, освои две сребрени одличја во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби. Марија Петровска зеде учество во категоријата под 50 килограми и се закити со бронзен медал во индивидуална конкуренција. Во екипната борбена дисциплина сребрени трофеи освоија Абдурахим Идризи и Глигор Петков, додека Викторија Јовановска се здоби со бронзено признание.

Машкиот кумите-тим славеше против Косово (3-1), го победи домаќинот Хрватска (3-0) Хрватска и во финалето загуби од Босна и Херцеговина (0-2). Женската екипа го победи Косово, загуби од Словенија, а во борбата за бронзата славеше против Грција.

На Балканскиот шампионат Македонија освои вкупно 13 медали и на табелата со вкупно освоени признанија се најде на петтата позиција. Со најмногу одличја се закити Босна и Херцеговина (26, од кои 12 златни), а потоа следуваа Турција и Србија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Генерали инвестментс: Политичките игри ќе ги плаќаат европските компании и домаќинствата преку високи цени на енергијата

Генерали инвестментс: Политичките игри ќе ги плаќаат европските компании и домаќинствата преку високи цени на енергијата

Повеќе од гол – Mozzart за головите на ракометарите веќе издвои 125.000 денари во хуманитарниот фонд!

Повеќе од гол – Mozzart за головите на ракометарите веќе издвои 125.000 денари во хуманитарниот фонд!

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа во земјата – овој пат потврдено и од Ookla®

Три МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки за старт на 2022

Три МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки за старт на 2022

Зимска распродажба во Скопје Сити Мол

Зимска распродажба во Скопје Сити Мол

Работам како личен асистент на сестрата на емирот на Катар-ги организирам нејзините патувања, забави и приеми: Павлинка Тренева Муса за животот во Доха

Работам како личен асистент на сестрата на емирот на Катар-ги организирам нејзините патувања, забави и приеми: Павлинка Тренева Муса за животот во Доха

Samsung го лансираше Home Hub: Централниот уред за паметно управување со домот

Samsung го лансираше Home Hub: Централниот уред за паметно управување со домот

Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Донација од „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ за Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол