Добивај вести на Viber
Поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер излезе на суд. Тој сосема ги отфрла обвиненијата за нелегално земање 2 милиони евра во случајот „Фими медиа“. Како што јави агенцијата Хина, Санадер тврдел дека за 13 години колку што живеел во Австрија, заработил околу два милиона евра.
Сведочеше дека како студент испраќал репортажи од олимписките игри во Инсбрук, па земал хонорари од австрискиот скијачки сојуз кои на половина ги делел со фотографот Иво Перван. Она што ги заскокотка медиумите беше и тврдењето на политичаро дека како претставник на фирмата „Mеyеr press“ за источниот пазар продавал и еротски фотографии за кои заработил меѓу речиси 400.000 евра, па сакал и да ја откупи фирмата кога починал сопственикот, кон крајот на 80-те години од минатиот век.
Негоавата кариера во Австрија се развила во 1986 кога тврдеше дека ја отворил трговската фирма „Wapagg“, а каде Санадер како претседател на управниот совет земал 14 плати годишно, или 175.000 евра за две години, плус 300.000 евра од заработката на фирмата. Се занимавал и со изградба на неколку згради во Австрија и хотел во Анталија, а имал и фирма со која заедно со својот дедо Иво Шариќ заработил 150.000 евра од проекти во областа на преработката на отпадоци, вода и алуминиум во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Санадер работел и 5 години во Тирол - предавал веронаука во основно училиште за што земал 13 годишни плати од по илјада евра, изјави тој пред судот.
Санадер се сомничи за злоупотреби со службената положба и корупција, а за едно дело е осуден на 10 години затвор. Во случајот „Фими медиа“ сомнителни се околу 10 милиони евра, од кои два завршиле во џебот на политичарот, стои во обвинението.