Катар инсистира на паричен надоместок за санкциите
Објавено во: Свет 10 Јули, 2017
Власти во Доха планираат да им помогнaт на своите граѓани и компании да поднесат компензација за загубите поради санкциите наметнати против Катар од соседните земји, пренесува телевизија CNN.
Катар најави формирање на специјална комисија со која одделни граѓани и фирми можат да поднесуваат судски постапки за претрпена штета како последица на кривичните мерки од страна на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет. Комисијата ќе им помага во правната битка за добивање на бенефиции.
„Уверени сме дека адвокатите на Катар можат да го штитат Катар и неговите симболи преку соодветните правни процедури“, изјавија на Twitter од катарското Министерство за правда и додадоа дека ќе бидат преземени правни мерки за во однос на "злоупотребувачите на Катар".
Санкциите кои доведоа до криза меѓу земјите во Заливот, им нанесоа тежок удар на илјадници граѓани и неколку компании во Катар. Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет ги прекинаа дипломатските односи со властите во Доха и ги запреа сите транспортни врски со земјата. Четирите држави го обвинуваат Катар дека го дестабилизира Блискиот Исток преку финансирање на терористички организации во регионот. Катар, се разбира, ги негира овие тврдења.
Иницијативата за пребарување на компензации доаѓа пред посетата во понеделникот на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Кувајт. Се очекува таму тој да разговара за можните решенија на кризата во регионот на Персискиот залив.