КАТАРСКИОТ МИНИСТЕР СО ПРКОСНА ПОРАКА: Катар ќе се одбрани
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2017
Катар може лесно да ја одбрани сопствената економија и валута од санкции на другите арапски држави, изјавил денеска катарскиот министер за финансии Али Шериф ал Емади.
Земјите кои му воведоа санкции на Катар исто така губат пари поради штетата која ја трпи бизнисот во тој регион, истакнува катарскиот министер.
„Голем број на луѓе сметаат дека ние сме единствени кои губиме во ова. Но ако ние изгубиме долар и тие ќе изгубат исто така“, изјавил тој во интервју за СиЕнБиСи.
Енергетскиот сектор и економија на Катар, како што оценил, работат нормално и немало сериозно последици во снабдевањето со храна и други производи.
„Катар може да увезува од Турција, од Далечниот исток или од Европа, а на кризата ќе одговори со дополнително диверзифицирање на својата економија“, рекол Емади .
Саудиска Арабија, Бахерин, Обединетите Арапски Емирати, Египет ги прекинаа дипломатските врски со Катар, обвинувајќи го дека поддржува регионални терористички групи.