20 Февруари, 2025
0.0397

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од29.01.2025 година, Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Таа е докажан професионалец во областа на финансиите, со повеќе од две децении искуство во банкарскиот сектор. Во очекување на одобрението од Народната банка, Катерина Јанковиќ од септември минатата година, ја извршуваше функцијата Помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

„Голема благодарност до Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Народната банка на Република Северна Македонија за укажаната доверба. Чест ми е да се приклучам на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје,силна, стабилна и модерна финансиска институција, дотолку повеќе што пред нас е амбициозна и напредна деловна стратегија која комплетно ќе го преобликува искуството на нашите клиенти. Се радувам на можноста да бидам дел од ова возбудливо патување и да придонесам во мисијата на Банката за обезбедување на врвни, иновативни и технолошки најнапредни банкарски услуги, раст и одржливости поставување на нови стандарди на извонредност во финансискиот сектор.“ – истакнува Катерина Јанковиќво својата прва изјава по стапувањето на функцијата член на УО на НЛБ Банка Скопје.

Катерина Јанковиќ во управата на НЛБ Банка Скопје доаѓа од Шпаркасе Банка каде од 2021 година ја извршуваше функцијата Директор на Секторот за население, одговорна за развој на продажната стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти. Нејзината кариера во банкарството започнува во 2003 година во Охридска Банка и таа го трасира својот пат од благајник во експозитура до највисоките менаџерски позиции во секторите за корпоративни клиенти и население.  

Катерина е димпломиран економистна Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и магистер на науки од областа на бизнис администрацијата во финансии на Универзитот „Шефилд“ во Солун. Таа е сопруга и мајка на два сина.

Можеби ќе ве интересира

МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР - фатен е од судската полиција, ќе следи пријава

МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР - фатен е од судската полиција, ќе следи пријава

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОЧИТ КОН ТРАДИЦИЈАТА, ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕРБА ВО СОПСТВЕНИТЕ СИЛИ... - Златна Буба Мара на популарноста го исполни аманетот

„НЕМА ПРИКРИВАЊЕ НА УГИНАТИ ЖИВОТНИ, СИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ“: ЗОО Скопје соопшти детални податоци

„НЕМА ПРИКРИВАЊЕ НА УГИНАТИ ЖИВОТНИ, СИТЕ ПОДАТОЦИ СЕ ТРАНСПАРЕНТНИ“: ЗОО Скопје соопшти детални податоци

НЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ХИМНАТА И ГРБОТ: Меџити откри за што се зборува во Влада

НЕ СЕ ПРЕГОВАРА ЗА ХИМНАТА И ГРБОТ: Меџити откри за што се зборува во Влада

„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи

„Вива“ повторно на најголемиот светски саем за храна и пијалаци „Gulfood“ во Дубаи

НЕКОЛКУ СЕМЕЈСТВА ЈА МИНАА НОЌТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО: Пожар пеплоса еден, а зафати неколку други станови во Кисела вода

НЕКОЛКУ СЕМЕЈСТВА ЈА МИНАА НОЌТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО: Пожар пеплоса еден, а зафати неколку други станови во Кисела вода

ШТО МИСЛИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ? Еве го неговиот став

ШТО МИСЛИ МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПРОМЕНАТА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ? Еве го неговиот став

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрговците загрижени од мерките на Владата бараат нова средба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрговците загрижени од мерките на Владата бараат нова средба

ИНЦИДЕНТ ВО КОЧАНИ: Наставник со метален предмет нападнал ученик

ИНЦИДЕНТ ВО КОЧАНИ: Наставник со метален предмет нападнал ученик