03 Мај, 2024
0.2772

„Катимерини“ пишува дека грчките партии имаат различни ставови за името

Објавено во: Балкан 28 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Нова демократија, ја повика Владата да излезе со единствен предлог за името со Македонија заради, како што коментираат, појавените разлики во нејзините редови за ова прашање, пишува грчкиот вестник „Катимерини“.

„На премиерот Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер Панос Каменос им напоменуваме дека двете партии, Сириза и Независни Грци, се во Владата, а не во опозицијата. И бидејќи претпоставуваме дека тие комуницираат меѓу себе, од нив очекуваме конкретен и заеднички предлог за името на БЈРМ. Затоа што сѐ додека се во Владата тие ја носат одговорноста за договорањето, а не партиите од опозицијата“- се наведува во соопштението на Нова демократија.

Грчките конзервативци, според „Катимерини“, категорично ја отфрлаат идејата на грчкиот министер за надворешни работи,  Никос Коѕиас дека решене на спорот со Скопје може да биде изнаједено во Парламентот само со мнозинството на пратенциите од двете партии, кои се претставени во Владата.

Зад оваа идеја тие стравуваат од обид на владејачките партии да ги прикријат несогласувањата и разликите што се појавија во нивните редови. Лидерот на помалиот коалициски партнер и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос, соопшти дека нема да поддржи решение на спорот со Скопје за името во кое ќе фигурура зборот „Македонија“. 

И левичарската Сириза  во своите редови има пратеници кои не се расположени, па дури и се против прифаќање на име со географска одредница. 

„Една Влада која на договор заминува со присуство на две различни позиции, е упатена на неуспех“- напиша на Твитер влијателната пратеничка на конзервативците Дора Бакојани, која за време на Самитот на НАТО во Букурешт, во 2008 година, беше министер  за надворешни работи на Грција. 

И опозициската партија Потами,  ја повика Владата да ја изостри својата позиција во однос за спорот за името.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД