КАЗНИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО СРБИЈА КОИ НЕМА ДА НОСАТ МАСКИ: Ќе им биде намалено поведението
Објавено во: Балкан 24 Август, 2020
Во Србија постои
правилник за однесувањето на учениците кои наставата ќе ја следат со физичко
присуство. Министерот за просвета, Младен Шарчевиќ, во изјава за српски „Курир“
наведува дека во тие правила јасно се дефинирани полесни и потешки повреди на
обврските кои се наменети за учениците.
-Ако ученикот е опоменат еднаш до два пати, станува збор за полесна повреда. Но, ако повеќе пати ги прекршува мерките, тогаш станува збор за потешка повреда и тогаш казните се поголеми, вели српскиот министер за просвета, Шарчевиќ.
Тешките повреди на ученичките обврски во Србија се пропишани со Законот за основниот систем на образование и воспитување. Со тоа во склад е и училишниот правилник, кој предвидува водење на воспитно-дисциплински постапки, а потоа и изрекување на укори од страна на директорите или наставничкиот совет.
-Во случај укорот да биде изречен од страна на директор, предвидено е намалување на оценката за поведение од одлична на задоволителна или двојка, а за укорот изречен од страна на наставнички совет се намалува поведението на незадоволително, односно единица, истакнува министерот.