15 Мај, 2024
0.0354

Ќе работат и со 69 години, а пензиите ќе се намалат

Објавено во: Стил 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Германската централна банка соопшти дека зголемување на старосната граница за одење во пензија на 69 години ќе му олесни на пензискиот систем.

Поради стареењето на населението реформите нема да спречат пад на пензиите по 2015 година, потврдуваат од Бундес банка во својот извештај, а граѓаните кои нема да се одлучат за приватно осигурување ќе се соочат со помали пензии.

Во Германија сега границата за одење во пензија е 65 години и три месеци, а до 2030 година ќе биде 67 години.

Бундес банка наведува дека поголеми придонеси ќе осигураат стабилни пензии.

Од друга страна тоа ќе биде потешкотија за луѓето кои плаќаат придонеси и може негативно да влијае на економскиот развој.

Подолгиот животен век значи дека подолго ќе се исплаќаат пензии на поединци, се наведува во извештајот, а со тоа ќе се „пензионира“ и „бејбу бум“ генерацијата.