06 Мај, 2024
0.0232

Киев: Русија ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник

Објавено во: Свет 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Русија ја зеде Белорусија „нуклеарен заложник“, соопшти Украина откако претседателот Владимир Путин најави распоредување на „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на нејзиниот сојузник. „Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник“, напиша на Твитер секретарот на Советот за безбедност на Украина, Олексеј Данилов, додавајќи дека оваа одлука е „чекор кон внатрешна дестабилизација на земјата“.

Најавата на рускиот претседател „го максимизира нивото на негативна перцепција и јавно отфрлање на Русија и Путин во белоруското општество“, додаде Данилов. Путин во саботата рече дека Москва ќе распореди „тактичко“ нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија.

„Нема ништо необично во тоа: Соединетите држави го прават тоа со децении. Долго време распоредуваат тактичко нуклеарно оружје на територијата на своите сојузници“, рече Путин во интервју за руската телевизија. „Се договоривме да го сториме истото“, додаде тој, велејќи дека има согласност од Минск.

„Имаме стотици илјади гранати со осиромашен ураниум“

Иако Белорусија не е директно вклучена во конфликтот во Украина, Москва ја искористи својата територија за да започне офанзива против Киев минатата година и да изврши напади, тврдат украинските власти.

Според Путин, одлуката за распоредување „тактичко“ оружје во Белорусија е поттикната од подготвеноста на Лондон да испрати оружје со осиромашен ураниум во Украина, за што неодамна разговараше британски функционер.

Путин се закани дека ќе прибегне кон истиот тип муниција доколку Киев ја добие. „Русија, се разбира, има со што да возврати. Имаме, без претерување, стотици илјади вакви гранати. Засега нема да ги користиме“, рече рускиот претседател.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија