03 Мај, 2024
0.0262

Кина гради брод копија на Титаник: За што ќе им е кога нема да плови?

Објавено во: Свет 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Кинеска бродоградителна компанија гради копија на светски познатиот „Титаник“, пренесе Ројтерс.

Инвестициите во проектот се во вредност од речиси 145 милиони долари.

Бродот ќе биде со должина 269 метри и ширина 29 метри. За разлика од оригиналот, дупликатот на бродот нема да плови, а ќе остане неподвижен во еден Рибник на округот Даин (провинција Сечуан, Југозападна Кина). Идејата на авторскиот проект е новиот „Титаник“ да се претвори во туристичка атракција за регионот.


Внатрешниот ентериер исто така ќе ја имитира раскошната декорација во викторијански и ренесансен стил на „Титаник“. Одбрани се бродоградители и дизајнери кои ќе го рекреираат секој детал, вклучувајќи го и театарот, кабина од прва класа, базенот и раскошната сала. За целта компанијата ќе привлече технички специјалисти од САД и Велика Британија.

Интересен факт е дека одделните елементи од конструкцијата на бродот ќе бидат изградени во провинцијата Хубеи и потоа ќе бидат доставени во Сечуан за конечна монтажа.

Проектот е финансиран од компанијата „Qixing Energy Investment“ и има за цел да го заживее туристичкиот сектор во регионот.

„Титаник“ е најголемиот брод на времето, но уште на своето прв патување претрпува бродолом во ноќта на 15 април 1912 година во судир со санта мраз. Тогаш загинаа од 1495 до 1635 луѓе. 

Остатоците на бродот, кои се на длабочина 3700 метри во северниот дел на Атлантскиот Океан, се откриени во 1985 година. Потоа истражувачите од целиот свет преземаат бројни подводни експедиции за истражување на бродот, како резултат на кои се извадени илјади артефакти.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место