02 Мај, 2024
0.0266

Кина ќе ги направи сите гигантски државни компании во акционерски компании

Објавено во: Свет 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Сите големи кинески компании во сопственост на владата, ќе бидат регистрирани како друштва со ограничена одговорност или акционерски компании до крајот на годината во обид државните гиганти да се претворат во поефикасни и модерни компании, соопшти Ројтерс.

Околу 90 отсто од фирмите во сопственост на државата и локалната власт, веќе го имаат завршено процесот, кој помогна да ги подобрат своите менаџерски структури, посочуваат властите во Пекинг.

Не е јасно дали приватен капитал ќе биде дозволено да се инвестира во државни гиганти.

Преку реформи Владата се надева да заживее задолжената државна сопственост и да создаде "поголеми и посилни" конгломерати, кои можат да се натпреваруваат на светската сцена.

Дел од реформите ќе вклучуваат затворање на повеќето неконкурентни компании. Сопственичката структура на некои државни претпријатија, исто така ќе биде модернизирана.

Еден од најголемите проблеми со кои се соочува Кина и особено незгодни државни гиганти, е растот на долгот од глобалната финансиска криза во 2008 година. Властите ги засилија напорите за ограничување на ризикот од тоа, а дел од овие напори вклучуваат реструктуирање на државните фирми.

На почетокот на годината Кина најави дека треба да се справи со државните "компании зомби", кои не престануваат да земаат заеми, иако не заработуваат доволно за да ги исплатат кредитите или каматата.

Земјата инсистира исто за заедничко учество во сопственоста на компаниите за да се овозможи приватниот капитал да се инвестира во компании, а во исто време се задржува присуството на владата во компаниите. Според државниот регулатор "погрешни" концепти како "приватизација" и "денационализација" треба да се избегнуваат.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место