ЌЕ ИМА ЛИ ГАЛИЧКА СВАДБА ГОДИНАВА? Комисијата ќе даде одговор в понеделник
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020
На денешниот
состанок на Комисијата за заразни болести присуствувале организаторите на
овогодинешната традиционална манифестација „Галичка свадба“ кој доставиле
протокол по кој би можело да се организира и оваа година.
-Луѓето дојдоа со навистина одлично подготвен протокол, според кој би имало обезбедување, и според кој би се почотувале веќе стандардните мерки за заштита од ширење на вирусот. Според тоа што го приложија, оваа година „Галичката свадба“ би се одржала само со 90 луѓе. Но, за одговор од нас ќе почекаат, бидејќи сето ова треба убаво да се разгледа. Сметаме дека и покрај тоа што оваа долгогодишна македонска манифестација се одржува на отворено, и овој пат би дошле многу повеќе луѓе од оние 90 колку што предвиделе организаторите. Никој не може да ги спречи луѓето да отидат во Галичник за Петровден, односно на 12. јули кога се одржува „Галичката свадба“. Затоа рековме да почекаме, па најверојатно организаторите ќе добијат одговор од нас в понеделник, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.
А.Б.