04 Мај, 2024
0.0281

Ќе има ли нов референдум за „Република Северна Македонија“?

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Откако во Собранието успешно заврши процедурата за измени на Уставот, македонската страна ги исполни сите обврски за ратификување на Договорот од Преспа, па сега топката е префрлена на грчка страна која ратификацијата треба да ја спроведе само во Парламентот. Доколку и тоа помине успешно ќе нема правни ниту политички пречки да се смени името на државата во Република Северна Македонија.

Сепак, од битката за спречување на промена на уставното име нема да се откаже Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес кој на крајот на декември покрена иницијатива за распишување на нов референдум, овој пат задолжителен и распишан со собрани 150.000 потписи на граѓани.

Денес во Собранието по ова прашање ќе заседаваат двете надлежни комисии, комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и законодавно-правната комисија. Седниците на овие комисии се закажани за 12:00 и 12:30 часот, по што ќе се знае дали ќе биде прифатена иницијативата за започнување на нова процедура за собирање на потписи од 150.000 граѓани по чија успешност Собранието на Република Македонија ќе биде обврзано да распише задолжителен државен референдум на целата територија.

Според досегашните активности на Тодор Петров, новиот референдум би се одржал со прашањето „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?, а одговорот на граѓаните треба да биде со ДА или НЕ. Оваа иницијатива исто така е поддржана и од движењето „Бојкотирам“. Нивните главни аргументи се дека референдумот кој се одржа на 30 септември е неуспешен бидејќи не беше исполнет предвидениот цензус. Сепак, бидејќи истиот беше консултативен не влијаеше врз правните и политичките процеси за ратификација на Договорот од Преспа, каде една од главните обврски е промена на името за севкупна употреба.

Исходот од иницијативата на Петров и „Бојкотирам“ во Собранието ќе биде позната денес, но таа барем досега не доби поголема политичка поддршка од страна на опозицијата.

Петров како и повеќе членови на „Бојкотирам“ се прогласија себеси за главните „виновници“ што пропадна есенскиот референдум иако сосема јасно беше дека тактизирањето на Христијан Мицкоски и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ да пребегне кон бојкот или апстиненција најнмногу придонесе за слабата излезност на денот на граѓанското изјаснување.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“