02 Мај, 2024
0.0255

ЌЕ ЛОВИМЕ МЕГА ИНВЕСТИТОРИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА - Владата го објави јавниот повик

Објавено во: Економија 02 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Владата денеска го објавила јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект во „Службен весник на Република Северна Македонија “ и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија, согласно Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија.

Од Законот за стратешки инвестиции произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициони проекти од највисок стратешки приоритет за државата и има за цел да поттикнува, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, зголемување на економски пораст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на земјава, зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија.

„За стратешки инвестициони проекти се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и инвестициони проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село“, се вели во владиното соопштение.

Јавниот повик е објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија, и е на Владата е на следниот линк.

Владата уште пред да избие кризата со короната го донесе законот за стратешки инвеститори, а тој беше усвоен и од Собрнието. 

Поранешниот премиер Зоран Заев, лидер на СДСМ, неодамна, на едно телевизиско гостување, објасни дека со овој закон се отвора патот за пет нови, како што ги нарече, мега инвестиции од странски компании. Според него, целта на законот е да се обезбеди брза лента за странските големи инвеститори. Заев откри дека секоја од нив во земјава ќе инвестира по стотина и повеќе милиони евра, што доаѓа благодарение на членството во НАТО.

„Овој закон дава брзи ленти на големите инвестиции, имаме пет - кои би вложиле 100 милиони, 140 милиони, 200 милиони, 240 и 350 милиони евра. Тоа се пет конкретни инвестиции кои се надеваме дека ќе одат по таа брза лента“, рече поранешниот премиер.

Според тој закон, предложените стратешки инвестиции, кои на предлог на Владата ќе ги усвојува Собранието, мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на земјата, и тоа за проекти за енергетиката со инфраструктурата, транспорт и телекомуникации, туризам, преработувачка индустрија, земјоделство, прехранбена индустрија, здравство..., како и за градење на големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една од наведените области.

Кој проект ќе биде стратешки инвестиционен проект ќе одлучи Комисија која треба да биде формирана десет дена по донесување на овој Закон. Комисијата ќе биде составена од 9 членови од Владата и министерствата и три привремени членови од министерствата во чија надлежност е проектот, од општината и од регулаторното тело. Владата до крајот на годината треба да објави јавен повик на кој сите заинтересирани инвеститори ќе можат да аплицираат со проекти кои согласно условите во јавниот повик ќе се сметаат за стратешки.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?