Ќе продолжи ли вонредната состојба: Се очекува одлука на Советот за безбедност
Објавено во: Македонија 16 Април, 2020
Кај претседателот Стево Пендаровски, точно напладне ќе заседава Советот за безбедност, при што ќе се донесе одлука дали ќе има продолжување на вонредната состојба. Освен постојаните членови на Советот за безбедност, на состанокот ќе присуствува и вицепремиерот Бујар Османи, како и министерот за здравство, Венко Филипче.
Вонредната состојба стапи на сила точно на 18 март, а денеска ќе се одлучува дали рестриктивните мерки ќе продолжат уште еден месец.