30 Април, 2024
0.0291

Ќе рипне ли Иванов во тавчето на помилувачите?

Објавено во: Македонија 09 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Повикувајки се на член 11 од Законот за помилување, поранешниот претседател Борис Трајковски помилува две лица поврзани со аферата Големото уво, а екс претседателот Бранко Црвенковски едно лице од случајот „Глобал“. Овој член стана актуелен од вчера повторно откако стана јасно дека до претседателот Ѓорѓе Иванов стасале барања за нови помилувања на осудени лица за настаните од 27 април. Правниците имаат дилема дали Иванов може да се повика на овој член затоа што со него има своевидна „историја“.

Имено, Владата предводена со премиерот Никола Груевски која категорично беше против аболицијата на Зоран Заев обвинет во случајот Глобал, побара овој член да биде изваден од законот и тоа се случи по гласање во Собранието. Со тоа се оневозможи претседател да дава аболиција на лица инволвирани во криминал. Сепак по неколку години или во 2016 година, истата Влада повторно тврдеше дека овој член треба да се врати во законот. Тоа се стори преку Уставниот суд. Но правниците тврдат дека и покрај тоа што Уставниот суд одлучил, избришана норма не може да биде вратена во законот. За тоа пишуваше професорот Светомир Шкариќ во блог на „Республика“, минатата година.

„Во враќањето на нешто што не може да се врати, на нечесен начин се вклучија и Уставниот суд и Собранието како еден тим заедно со претседателот Иванов. Уставниот суд се обиде да создаде привид дека ја оживува избришаната норма, а Собранието тоа да го санкционира на еден перфиден начин - преку калемење на нов член врз мртва подлога. На тој начин, оддалечувајќи се од правото, помилувањата станаа инструменти на политичка моќ, а не инструменти за корекција на правдата, напиша професорот Шкариќ.

Што стои во член 11:

„Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со законот кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано”.

Mинистерката за правда Рената Дескоска денеска рече дека постојат две причини зошто претседателот Ѓорѓе Иванов не може да амнестира случаи од упадот на 27 април.

"Прво, постапката може да се спроведе само преку Министерството за правда, бидејќи нема правна основа за помилување без претходна постапка во Министерството за правда. Членот 11 од Законот за помилување, кој претходно беше предвиден за таква постапка од страна на Претседателот, беше избришан. Додека втората пречка доаѓа од фактот дека се објавени претседателските избори и во овој период не може да се покрене помилување ", рече Рената Дескоска, министерката за правда.

Кабинетот на претседателот ја потврди информацијата дека до него се стигнати барања за помилувања за случајот 27 април.


Можеби ќе ве интересира

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел