Ќе се разгледува барање на Груевски да не оди в затвор
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2019
Поранешниот премиер Никола Груевски поднел барање пред кривичниот совет на Врховниот суд, чиј претседател е Јово Вангеловски, да не оди во затвор за случајот „Тенк“. Тој е осуден правосилно за овој случај на две години затворска казна.
Груевски веќе најави дека ќе упати ваков вонреден правен лек и дека ќе бара од Врховниот суд да ја преиспита пресудата и целиот судски процес за овој случај.
Петчлениот кривичен совет може да одлучи да ја укине пресудата и во тој случај да го врати судењето на почеток.