07 Мај, 2024
0.0227

6-ти годишен САМИТ100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа во Скопје на 16 и 17 октомври 2017

КЛУЧНИОТ ЗБОР ЗА БИЗНИС ЛИДЕРИТЕ ОД ЈИЕ Е „ПОВРЗУВАЊЕ“

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

На 16 и 17 октомври 2017 г. Скопје ќе биде центарот на бизнис случувањата од ЈИЕ регионот и домаќин на 6-тиот по ред годишен САМИТ100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа, со примарна цел да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

САМИТ100 за бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која започна во 2011 година со цел да ја поттикне бизнис заедницата од регионот да преземе одговорност за бизнис и економска интеграција, а преку тоа и да ја подобри конкурентноста на националните и регионалните економии и обезбеди подобар квалитет на живот за сите граѓани од овој дел на Европа.

По успешната траекторија која ја водеше оваа уникатна бизнис иницијатива преку Аранѓеловац во Србија, Бечичи во Црна Гора, Цавтат во Хрватска, Порторож во Словенија и Сараево во Босна и Херцеговина, оваа година САМИТ100 се сели јужно во реномираниот Скопје Мериот Хотел. 6-тиот годишен самит ќе собере околу 150 топ бизнис и политички лидери од ЈИЕ регионот, заедно со специјални гости од Европската Комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка, Нордерн, Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и многу други, со цел да се идентификуваат клучните проекти и идеи за развој на регионот.

Темата на овогодинешното издание ќе биде CONNECTIVITY(ПОВРЗУВАЊЕ) од сите можни аспекти, вклучувајќи транспорт и бесплатно карго, проектот „Зелена Балканика“ кој цели да ја направи ЈИЕ центар за електричната мобилност во европската инфраструктура, понатаму брендирање и промоција на регионот, мобилност на луѓето, енергетика, дигитализација итн. Главен гостин на 6-тиот САМИТ100 ќе биде Еврокомесарот за транспорт Виолета Булц.

Целта на иницијативата САМИТ100 е да се позиционира регионалната соработка високо на агендата на секоја влада во регионот, поттикнувајќи специфични прашања и целејќи да постигне нов договор за новата ера кој ќе ја подобри конкурентноста на националните економии и ќе го зајакне потенцијалот на Југоисточна Европа.

Всушност САМИТ100 бизнис лидери од ЈИЕ е уникатна бизнис иницијатива која на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија. Иницијатори и организатори на САМИТ100 се Алкалоид Скопје, заедно со Асоцијацијата на менаџери од Словенија, Асоцијацијата на менаџери од Србија, Хрватската асоцијација на работодавачи, Фондацијата Атлас од Црна Гора, BBI Банка и АСА Холдинг од Босна и Херцеговина.

САМИТ100 прерасна во силен бренд на регионална бизнис соработка и важна платформа за размена на идеи и поттикнување на програми за развој преку кои регионот на ЈИЕ доаѓа чекор поблиску до силна бизнис заедница, која генерира висок економски раст и креира подобар квалитет на живот за сите луѓе од Југоисточна Европа. Неговата визија е преку конструктивна соработка регионот на ЈИЕ да стане еден од најиновативните и најконкурентни во светот.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“