Добивај вести на Viber
Збирка бајки со потпис на познатото германско девојче со еврејско потекло, Ана Франк е продадена за 62.500 долари на аукција во Њујорк.
Тоа е двојно повеќе од почетната цена. Се работи за книга од браќата Грим, во која е и познатата бајка „Снежана и седумте џуџиња“ и „Ивица и Марица“. Книгата и припаѓала на славната Ана Франк чиј познат дневник е продаден во 30 милиони примероци и е приведен на 67 јазици. На книгата објавена во 1925 година Ана го напишала своето и името на сестра и Маргот. Девојчето е едно од најпознатите жртви на Холокаустот, а книгата ја изгубила кога нејзиното семејство побегнало во Амстердам од нацистите. За неколку минути од аукцијата, цената на книгата од 30.000 долари скокна на 62.500 долари.