Коѕиас ќе го покани колегата Димитров на средба во Атина
Објавено во: Македонија, Балкан 01 Јуни, 2017
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас планира да го покани новиот македонски колега, Никола Димитров на средба во Атина за да се разговара за можностите за интензивирање на македонско-грчката соработка.
Коѕиас ова го најави вчера во Атина по неговата средба со хрватскиот министер за надворешни работи, Давор Иво Штирер. Рече дека веќе неколку пати разговарал со Зоран Заев и забележувајќи дека со новата македонска Влада треба да се разговара и за тоа како креативно и преку компромис да се надминат проблемите од минатото.
„За нашиот северен, како што велам некогаш на шега, е важна унитарноста, интегритетот и стабилноста и сите соседни држави треба да придонесат да се обезбеди подобра иднина за самата држава. Нашиот став, со кој не се согласуваат сите, е дека решението на спорот за името на креативен и демократски начин, ќе придонесе и ќе ја олесни идната перспектива на оваа држава“- изјави Коѕиас.
Коѕиас се надева дека ќе успее да се најде решение за проблемите, но и дека двете страни ќе ги развијат врските и соработката преку спроведување на мерките за градење доверба.