09 Мај, 2024
0.0249

Коѕиас: Нестабилната ситуација во Скопје се должи на недостиг на компромис

Објавено во: Балкан 11 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас изрази загриженост за стабилноста на Македонија. 

Тој вели дека „нестабилната ситуација во Скопје, во голема мера се должи на недостиг на култура на компромис и консензус“.

Во својот говор на настан организиран од страна на Движењето на идеи и акција ПРАТТО, со кое тој претседава, Коѕиас синоќа се осврна на повеќе прашања.

Во врска со Турција, тој рече дека таа е „нервозна сила“ и дека изјавите со кои се фрла сомнеж врз Договорот од Лозана „кријат тенденција за ревизионизам“. Во однос на Албанија, тој ги повтори петте услови утврдени и прифатени од страна на ЕУ, со цел Тирана да добие датум за почеток на пристапни преговори.

„Во свет кој претендира да ги загуби своите координати и маршира кон хаотични ситуации, Европа не ги сфати промените, или фактот дека иднината на ЕУ зависи од стабилноста во поширокиот регион“ - вели Коѕиас.

Критикувајќи ја ЕУ, тој рече дека Унијата „не може да се развие во алатка за казнување, без визија“, додавајќи дека се оддалечила од вредностите на солидарност. Тој истакна дека сака „социјална Европа, со користење на човекот како мерка“.

Коѕиас смета дека  ЕУ нема визија и ориентација. 

„Таа се стреми да стане еден вид империја, како нов Рим и не може да одговори на повеќе кризи: финансиската, должничката криза, потчинување на пазарите, недостигот на институции, подемот на национализмот, бегалската криза, Брегзит, нејзините односи со Турција“ - рече Коѕиас. 

И најважниот дел: ЕУ се соочува со криза во справувањето со кризи, истакна шефот на грчката дипломатија.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?