Коѕиас: Ние имаме силна преговарачка позиција наспроти нив во однос на НАТО и ЕУ
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2017
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас вели дека треба да се забрза темпото на преговорите за името ако Македонија сака во 2018 година да постигне напредок евроарланските интеграции.
Воедно тој во интервју за државната ТВ ЕРТ, не ги откри директно грчките преговарачки позиции, но индиректно објасни кои се барањата на Атина во однос на спектарот на употреба.
„Треба да имате на ум дека ние имаме силна преговарачка позиција наспроти нив во однос на НАТО и Европската унија, но тие имаат 142 признавања од трети земји и ако го погледнете странскиот печат, ги нарекуваат Македонија. Според тоа каков компромис и решение да направиме, ќе ја надмине денешната многу негативна употреба на името“- рече Коѕиас.
Не може во личната карта да стои едно, а во пасошот друго име – рече Коѕиас, говорејќи во улога на академик, а не министер, во однос на тоа употребата на името.