Кога моќниот Путин ќе се наведне и ќе му ја намести капата на војникот
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2020
Кога и моќните политичари покажуваат човечност и почит. Доказ за тоа е видеото кое се шири вирално во арапските медиуми, од состанокот на претседателот Владимир Путин и палестинскиот лидер Мухамед Абас во Витлеем, на кое Путин додека поминува ја подигнува од подот капата на еден од припадниците на почесната гарда.
Од снимката убаво може да се види дека поминувајќи покрај почесната стража, Путин забележува дека на еден од гардистите капата му е на подот по што ја зема и ја става на главата на припадникот на палестинската почесна гарда. Заминувајќи, Путин го охрабрил гардистот и му покажал палец подигнат нагоре.
В Палестине восхищены Путиным: он поднял упавшую фуражку офицера караула. Видео фотографа Аббаса распространяется в арабском мире со скоростью нового коронавируса pic.twitter.com/gQtrkL0Zjo
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) January 24, 2020
Видеото го објавил фотографот на претседателот на Палестина, Мухамед Атик.
„Почитување на претседателот Путин кон палестинската гарда“ - напишал тој под видеото.