Кога можеме да го очекуваме следниот продолжен викенд?
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018
Следниот продолжен викенд ќе се падне дури во месец април.
Големиот христијански празник, Велигден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот на 9-ти април. Заедно со неработниот Велики Петок на 6-ти април, ќе има продолжен викенд.
Спојување на празниците ќе има и во мај, кога 24-ти мај четврток нема да се работи за празникот на светителите Кирил и Методиj, а во петок на 25-ти мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд.