01 Мај, 2024
0.0268

Кои домашни компании го мерат ефектот од општествено одговорните проекти

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Многу компании се декларираат како општествено одговорни, но малку известуваат за ефектите кои ги постигнале. На светско ниво тоа е мерливо, а златен стандард кога станува збор за известување на општествена одговорност е Извештајот за одржливост во рамки на глобалната иницијатива за известување. Таков за 2018 година подготвија 80 отсто од 250 најголеми светски компании, една од нив е ПроКредит групацијата која има свои операции и во Македонија.  

Целта на оваа иницијатива е транспарентност и јасна слика за компаниите кои континуирано во своето работење преземаат мерки за придонес кон општетвото и одвојување од сите компании кои кампањски и повремено донираат или спонзорираат дадени активности за позитивен ПР и за промоција.

На листата компании кои веќе го објавија Извештајот за одржливост (Global reporting initiative – GRI) се Кока кола, Лион, Лаваза, Новартис, Мерц, Роше, но и многу големи банкарски, финансиски групации, компании од земјодлеството, но и од други сектори. Над 5.000 организации ширум светот практично во тој извештај ги објавуваат деталите за нефинансиските резултати на компанијата и информации за нивните краткорочни цели и активности за придонес кон еколошкиот, економскиот и социјалниот аспект во општеството.

Еден пример за општествено одговорна компанија во Македонија е ПроКредит Банка. Веќе втора година по ред, на ниво на ПроКредит групацијата, компанијата го објавува Извештајот за одржливост во кој се содржани детали за резултатите од нивното континуирано спроведување на политиката за намалување на негативното влијание кон животната средина.

Според показателите, во текот на 2018 година еко кредитното портфолио на Прокредит групацијата пораснало за 39 отсто достигнувајќи 678 милиони евра што е 15,4 проценти од вкупното кредитно портфолио на групацијата. Во таа година групацијата ја намалила потрошувачката на струја за 23 проценти, додека од нивните фотонапонски панели се произведуваат 160 мегаватчасови струја годишно.

Инаку, во извештајот стои дека 57 отсто од возниот парк на групацијата се елктрични хибридни возила, а во 2018 година компанијата ја намалила потрошувачката на хартија за печатење до 34 проценти.

Ако се анализира работата на банката во Македонија, во извештајот стои дека досега издала над 80 милиони евра кредити за енергетско ефикасни инвестиции, за обновливи извори на енергија и за инвестиции за подобра животна средина. Впрочем еко портфолиото изнесува 15 отсто од вкупното кредитно портфолио на банката. И овде како и на ниво на групација, банката инвестирала во 2018 година во систем на селекција на отпад, зголемување на хибридните автомобили во обнова на системите за ладење и греење, но и во воведување на интерни процедури за намалување на потрошувачката на хартија.  

Мисијата на ГРИ е да ги поттикне креаторите на одлуки насекаде, преку стандардите за одржливост на GRI и мрежата со повеќе засегнати страни за да преземат акција кон поодржлива економија.

фото: shutterstock

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?