Кои професии се вишок, а кои имаат иднина?
Објавено во: Финансии, Балкан 03 Јануари, 2017
Во новата година во Хрватска ќе бидат потребни помалку новинари, но и помалку филозофи, агрономи, ветеринари, економисти.
Само четвртина од средношколците во Хрватска брзо наоѓаат работа во рок од 6 месеци. За оние со високо образование таква среќа имаат 40%.
Градежници, месари и пекари ќе бидат потребни и затоа се наведува дека во средните училишта треба да се форсираат овие струки.
Квотите за фризерки, техничко цртање и фотографи мора да се намалат.
Се смета дека во иднина добро ќе заработуваат медицинарите, математичарите, сметководство, фармација, германски јазик, логопедите и други.
Во земјата има 70.000 млади до 29 години кои се без работа.