Кои региони да очекуваат снежни врнежи денеска
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2020
Последниот ден од оваа седмица, временската прогноза носи облачно време.
Метеоролозите најавуваат снежни врнежи и облачен ден но и ветер од северен правец.
Според најавите , западниот регион даочекува врнежи од снег кои ќе бидат со умерен интензитет додека во одделни места истите ќе бидат слаби.
Што се однесува до температурите во делови од запад и исток ќе се движат до -4 додека над нула ќе бидат во Скопје, Велес, Гевгелија, Прилеп и Охрид.
Стабилно и суво време во земјава ќе преовладува и во следните денови. Силен ветер од северен правец очекувајте во понеделник.