09 Мај, 2024
0.0250

Кои се македонски царови на саламите?

Објавено во: Економија 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Десет компании за преработка и конзервирање месо оствариле приход поголем од 1 милион евра, а три од нив приход еднаков на или поголем од десет милиони евра. Најголем е Пекабеско, а најуспешна е Екстра Меин

Десет домашни компании за производство на месни преработки успеале на остварат приходи поголеми од еден милион евра во 2018 година, покажуваат официјалните податоци. Во силната конкуренција на домашниот пазар на мало на месни преработки и сувемесни производи, особено во силната конкуренција на српските производители на месо домашните компании успеваат да го одржат нивото. Интересно е тоа што територијално гледано домашните месни компании се распоредени во повеќе градови низ земјава и нема силна конкуренција во Скопје, како што е во други домашни индустриски гранки.

Кои се најголемите десет производители на месни преработки?

Убедливо најголем производител на домашниот пазар за месни преработки е месната индустрија Пекабеско од Илинден. Компанијата што е во сопственост на семејството Кутревски: Анатол, Слободан и Марко, во 2018 година остварила приход од 78 милиони евра и добивка од 1,94 милиони евра. Воедно оваа месна индустрија е и најуспешната компанија според остварениот профит во апсолутен износ.

Следува долгогодишниот гигант од истокот, еден од ретките случаи на успешна приватизација на голема општествена компанија која своевремено била еден од главните снабдувачи со месо на многубројната ЈНА (н.з. Југословенската народна армија). Станува збор за месната индустрија МИК од Свети Николе. Оваа компанија лани остварила приход од 13,7 милиони евра и на своите сопственици (Влатко Ѓоргиевски, Сашо Ѓоргиев, Сребрен Наков, Оливер Стаменов, Ивица Стаменов, Лимонка Зафирова и СИИВА ДОО) им донела добивка од 56.000 евра.

Според остварените приходи од продажба во големата тројка е уште кумановската компанија Екстра Меин сопственост на Благоја Бајдевски. Таа компанија позната по своите месни деликатеси во 2018 година остварила приход од 10,2 милиони евра и добивка од 851.000 евра. По критериумот профитабилност Екстра Меин е најуспешната домашна месна индустрија во големата тројка производители.

Следува скопската компанија Римес МС Гроуп чии сопственици се Стерјо И Марјан Михајлови и компанијата Серта. Ова друштво остварило приход од 7,7 милиони евра и ја завршило годината со загуба од 112.600 евра.

Солета во 2018 година остварила приход од 4,2 милиони евра и добивка од 116.000 евра. Оваа е семејна фирма во која се сопственици Светозар, Ненад и Ивана Илијоски.

Следуваат помалите пет компании. Меѓу нив најголема е Фиса Комерц сопственост на Зоран Јовановски, која остварила приход од 2,7 милиони евра и профит од 89.000 евра. Веднаш до неа е МИС Глобус од Скопје сопственост на семејството Трајковски: Менка, Стефче и Горанчо. Нејзиниот приход бил 2,24 милиони евра и профит од 4.750 евра.

Прилепската месна индустрија МИП Марфил остварила приход од 1,74 милиони евра и профит од 200.000 евра. Ова друштво е во сопственост на Алберто и на Звонко Ѓеоргиевски.

ТИАМО од скопско Глумово е една од најголемите десет месни компании. Таа остварила приход од 1,4 милиони евра и добивка од 26.000 евра. Сопственици се Хајрун Сулејмани и Абдула Сулејман.

Гостиварската фирма ИКЛ од Горни Полог остварила приход од 1,27 милиони евра и добивка од 109.000 евра. Оваа фирма е сопственост на Благоја Максимоски и на Влерант Саити.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување