Кои се најскапите, а кои најевтините европски дестинации?
Објавено во: Свет 15 Април, 2017
Бугарското одморалиште „Сончев брег" ја предводи листата на најдостапни европски летувалишта според истражувањето на британската поштенска служба.
На листата фигурираат вкупно 19 одморалишта, а најскап е шпанскиот остров Ибица.
Истражувањето се базира на цената на туристичките стоки и услуги - од просечната цена за појадок, ручек и вечера во ресторан, до цената на крема за сончање.
Еве кои се најевтини летувалишта:
„Сончев брег" Бугарија
„Алгарве" Португалија
„Коста дел Сол" Шпанија
„Мармарис" Турција
„Пафос" Кипар
Еве кои се најскапите летувалишта:
„Ибица", Балеарските Острови, Шпанија
„Моррентино", јужна Италија
„Ница", Франција
„Задар", Хрватска
„Лисабонското крајбрежје", Португалија