Кои се најскапите градови во Хрватска?
Објавено во: Балкан, Стил 03 Август, 2016
Интернет страницата Numbeo го пресметува стандардот по градови и прави споредба.
Податоците покажуваат дека стан во Загреб е 100% поскап од стан во Осијек.Ручек за двајца во Славонски брод е 130 куни, а во најскапиот град Дубровник е 250 куни.
Сметките во Славонија се поскапи за 10%, а платите на југот од земјата се поголеми за 60%.
По Дубровник, најскапи градови се Задар и Загреб. На осмо место е Вуковар.
Оваа статистика е направена врз основа на потрошувачката кошничка.
За станови во Дубровник квадрат е 29.000 куни, а во Загреб е над 16.000 куни.
Граѓаните на Загреб за сметки даваат во просек по 1600 куни за што работат 38 часа.
Платите во земјата се движат од 4000 до 7000 куни.