03 Мај, 2024
0.0351

Кои се суперхраните, кои влијаат на нивото на лошиот холестерол?

Објавено во: Стил 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Присуството на вишок холестерол го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, инфаркти, мозочни удари, метаболен синдром и уште многу други болести поврзани со размената на материите.

Правилната храна и редовната физичка активност придонесуваат за намалување на холестеролот. Некои производи имаат силно влијание врз соборувањето на нивото на лош холестерол. Освен ова корисно дејство имаат и многу други позитивни влијанија врз организмот. Затоа ги нарекуваме овие производи суперхрани.

Кои се суперхраните, коишто најефективно влијаат на нивото на лошиот холестерол?

Овесни снегулки

Конзумирање на цели зрна се поврзува со намалување на холестеролот. Овесни снегулки содржат растворливи влакна, наречени бета-глукан. Тие помагаат за намалување на холестеролот со околу 20% кај секојдневна потрошувачка.

Освен тоа овесните снегулки се одличен извор на минерали и протеини.

Ореви

Оревите се богати со мононезаситени масни киселини и омега-3 масни киселини. Со конзумирање на оревите сте во можност да го намалите холестеролот за околу 15%, а и да се подобрите функцијата на крвните садови. Оревите го намалуваат воспалението, го збогатуваат организмот со витамин Е, минерали и витамини од групата Б.

Грав

Гравот, во сите негови варијанти, е многу богат со растителни влакна и растителни протеини на суперхрана.

Истражувањата покажуваат дека додавањето на мешунките во менито го намалува холестеролот. Освен тоа бораниите се корисни и за исхраната, бидејќи не додаваат речиси никакви непотребни калории кон дневниот прием на храна.

Гравот е богат со витамин Б-комплекс и други минерали.

Маслиново масло

Маслиновото масло е меѓу најпознатите извори на мононезаситени масни киселини. Тоа помага во намалување на холестеролот и на воспалението во ткивата. Маслото е корисно уште за здравјето на срцето и циркулаторниот систем.

Бадеми

Бадеми содржат бројни полинезаситени масти, освен мононезаситени. Бадемите му испорачуваат на организмот многу минерали, витамини од групата Б, како и витаминот Е. Редовната употреба го намалува холестеролот до 20%.

Соодветен е како додаток на салати и печени јадења.

Соја и производи од соја

Протеинот во сојата има големо влијание врз холестеролот. Јадењето на две порции со соја млеко го намалуваат холестеролот за околу 5%. Сојата е прекрасен извор и на омега-3 масни киселини, витамини и минерали.

Сок од портокал

Сокот од портокал е познат како соодветно за појадок, носи големи количества на витамин Ц во организмот. Тој обезбедува многу добри количини калиум, магнезиум, витамин А и В.

Пиење сок од портокал го намалува нивото на лошиот холестерол и помага за отстранување на токсините од организмот.

Авокадо

Авокадото е прекрасен извор на мононезаситени масни киселини кои го намалуваат холестеролот.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на авокадо го штити срцето од штетните влијанија на холестерол и го снабдува организмот со протеини, витамиснки влакна, витамини од групата Б, витамин К и многу важни минерали.

Лосос

Полното месо на лососот е многу богато со омега-3 масни киселини и е многу ефикасно во намалување на холестеролот, особено ако редовно го конзумирате тоа е замена за црвените меса и заситените масти со риба.

Лососот има висока содржина на протеини и минерали и е носител на бројни витамини за организмот.

Леќа

Леќата соджи многу висок процент на растителни влакна. Истражувањата покажуваат дека додавањето на леќа во менито го намалува нивото на лошиот холестерол. Високите нивоа на витамин Б-комплекс исто така придонесуваат за контрола на холестеролот и го спречуваат зголемувањето на крвните садови.