02 Мај, 2024
0.0284

Кои се важни работи за „Силекс“ што не ги знаете, а сакате да ги прочитате?!!!

Објавено во: Економија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Акцијата на РИК „Силекс“ книговодствено вреди 1.661 денар, но последното тргување е по цена од 70 денари за акција. Во нејзиниот управен одбор 4 од 7 члена се пензионери. Таа акција почесто менува сопственик преку нетрговски трансфер (веројатно како наследство) отколку преку купопродажба на берза. Зошто е тоа така?

Рударско индустрискиот комбинат „Силекс“ е една од најмистичните компании во земјава чии акции котираат на домашниот пазар на капитал. Нема да згрешиме ако кажеме дека таа акција е една од најретко тргуваните, иако има вкупно 600 акционери. Зошто е тоа така? И тоа е своевидна мистерија.

Најсилна и можеби единствена асоцијација за „Силекс“, која се буди кај мноштвото читатели, е Љубисав Иванов – Ѕинго, долгогодишен претседател на управниот одбор и генерален директор на таа компанија, долгогодишен претседател на Социјалистичката партија, поранешен претседател на ФФМ и долгогодишен пратеник. Дали знаете нешто повеќе од тоа за РИК „Силекс“, групација од компании што обединува која обезбедува егзистенција на значаен дел од популацијата во кратовскиот регион?

Во обид да ја тргнеме завесата односно да „го извадиме од сенка да го изнесеме на сонце“ РИК „Силекс“ ќе изнесеме на виделина важни, но подзаборавени факти за оваа компанија. Единствената цел на „Фактор“ е врз основа на официјални податоци да го приближи работењето на оваа компанија до домашната инвеститорска јавност:

Факти за „Силекс“:

1.Последна пазарна цена на таа акција е 70 денари. Купопродажбата се случила на 11 април лани кога се истргувани 182 акции; Тоа е 24 пати поевтино од нејзината книговодствена вредност!

2.Книговодствената вредност на акцијата на „Силекс“ според официјалните податоци на берзата (за 2016 година) е 1.661 денар. Книговодствено вредноста на таа акција пораснала за 465 денари во однос на 2015 година.

3.Компанијата досега не делела дивиденда барем не во последните пет години;

4. Ако пребарате ќе видите дека таа акција многу почесто менува сопственик преку нетрговски трансфер отколку преку тргување;

5.Вредноста на главнината на „Силекс“ од 2014 година до 2016 година пораснала за 268,1 милиони денари и тоа во услови кога вкупниот приход од редовни активности паднал за 148 милиони денари;

6.На 30 јуни 2017 година „Силекс“ има акумулирана загуба од 475,7 милиони денари и таа е пониска за 162,6 милиони денари од акумулираната загуба во истиот период лани;

7. Дури четворица од седумте членови на Управниот одбор на „Силекс“ се пензионери! Тие се: Љубисав иванов – Ѕинго, Мишо Илиевски, Здравко Тончевски и Панче Мијалковски.

8. „Силекс“ има 591 акционери домашни физички лица. Седумина од нив (членови и УО и на НО) поседуваат 67,2 отсто од акциите. Најголем акционер е Ѕинго кој поседува 54,26 отсто од акциите. Син му Горан, член на УО, поседува 9,53 отсто од акциите со право на глас. Уште шестиман членови на УО и на НО заедно поседуваат околу 4 отсто од акциите со право на глас во „Силекс“;

9. „Силекс“ е основач и сопственик на 21 фирма! Најголеми се: „Силтекс“, „Неметали“, „Земсил“ и „Силпен“ и сите имаат основна главнина поголема од 1 милион евра. Другите 14 се со основачки влог до 5.000 евра. (според податоци од Проспектот на РИК „Силекс“)

10. Основната дејност на “Силекс” А.Д. Кратово е 08.99 – Останато рударство и вадење на камен, неспомнато на други места. Преку основаните друштва се занимава и со рударство, производство на сите видови полиуретански производи, патент  затварачи и позамантерија, градежништво, комунални услуги, земјоделие, сточарство, овоштарство и преработка, производство на транвентински и мермерни плочи, транспортни услуги и сектор за обезбедување на имот и лица.РИК „Силекс“ е основан 1954 година.

11. Во октомври 2006 година Берзата го исклучила од котација РИК „Силекс“ затоа што не доставивал навремено и редовно финансиски извештаи;

12. На 15 јули 2013 година акцијата на РИК „Силекс“ , со законска измена, е вратена на пдосегментот задолжителна берзанска котација; 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?