08 Мај, 2024
0.0258

Кои состојки се најдобри и најлесни за јадење пред спиење?

Објавено во: Стил 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Пред да се спие е препорачано да не се внесуваат големи количини на храна, ниту пак тешки и масни состојки, но треба да се внимава и со изборот на овојшје и зеленчук. Нутриционистите најмногу ја препорачуваат бананата пред спиење доколку сте се уште гладни бидејќи содржи триптофан и калиум, кои се совршени за добар сон.

Друго овошје кое ќе ви помогне да се наспиете е киви, чие влијание на сонот лежи во високото ниво на антиоксиданси и серотонин во неговиот состав.

Меѓу намирниците кои стимулираат подобар сон е сок од цреша, кој помага да се зголеми нивото на мелатонинските хормони, од кои се чувствуваме поспани. 

Ако имате останато неколку слатки компири од вечерата или ручекот, можете слободно да ги дојадете пред спиење, бидејќи тие содржат калиум кој помага мускулите да се релаксираат.
Млечните производи, како што се лесни сирења или јогурт, исто така, убаво влијаат на сонот.

Сепак, најдобриот избор за лесна вечера пред спиење е зелениот зеленчук. На пример, спанаќот, кељ или зелен грав се одличен извор на калциум, што му треба на телото за да произведе мелатонин.

Пред спиење не се препорачува да се конзумира брокула, сладолед, алкохол, зачинета и масна храна и кафе.