Кои улици се без вода за пиење?
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2019
Поради дефект на улицата Емил Зола во населбата Кисела Вода се без вода за пиење неколку улици, соопштуваат од ЈП„Водовод и канализација“ Скопје.
„ Поради уличен дефект од 150мм на Емил Зола 7,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Емил Зола, Мишко Михајловски, Ѓорѓи Димитров и Антон Попов“, пишува во соопштението.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато денеска од 10:00 часот, па се до санирање на дефектот.