08 Мај, 2024
0.0233

Кои земји ја блокираат Србија во отворањето на поглавјето 31?

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Tретина од членките на Европската унија (ЕУ) го блокираат отворањето на поглавјето 31 од пристапните преговори со Србија, пишува Вечерњи новости. 

Ова поглавје се однесува на надворешната политика и безбедност, а меѓу нив предничат Германија, Велика Британија и земјите од некогашниот Варшавски пакт – Чешка, Унгарија, Бугарија, Полска и Романија.

Иако Брисел го завршил нацрт извештајот за скрининг за ова поглавје уште во јануари, тој и натаму е во усогласување кај членките на ЕУ, но десетина од нив се уште не дале „зелено светло“ за усвојување на овој документ. 

Од Србија се очекува да биде далеку поактивна во усогласувањето на својата политика со ЕУ и да се зголеми процентот на усогласеноста со декларациите и резолуциите на Брисел кон трети земји, а кој опаѓа со години.

За време на последните две години Србија не поддржала вкупно 30 документи на ЕУ. Тоа е скоро половина од декларациите кои ги подготвил Брисел. Лани  Белград го одбил Брисел во сите десет случаи кои се однесувале на Украина и Русија – од санкциите на Москва до осудите за анексијата на Крим. Србија не се согласила нити со резолуциите за санкциите против бунтовничките лидери на самопрогласената молдавска република Приднестровље.

„Со одолговлекувањето на отворањето на поглавјето 31 се испраќа јасна порака на Белград дека се очекува да се засили усогласувањето со политиката на ЕУ, особено околу рестриктивните мерки“- вели Игор Новаковиќ од Центарот за меѓународни и безбедносни работи.

Можеби најинтересниот случај на неусогласувањето со одлуките на ЕУ со декларацијата на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд за одбележувањето на Светскиот ден против смртната казна, кои Србија ги укина. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?