18 Ноември, 2019
0.0154

Кој да го испитува потеклото на имотот?

Објавено во: Колумни 17 Октомври, 2012

Перењето пари е многу „популарно“ во последниве неколку години. На секој чекор слушаме и од обичните луѓе и од медиумите дека одредена појава претставува перење пари или дека одреден субјект врши легализирање на нелегално стекнатиот имот. За обичните луѓе, па и за медиумите донекаде може да се покаже разбирање. Меѓутоа, никако не може да се покаже разбирање за нецелосната законска регулатива која во значителна мера го отежнува спроведувањето на процесот на спречување на перење пари од страна на финансиските институции. Имено, ефикасната борба со перењето пари подразбира постоење на одредени предуслови. Кога се работи за законската регулатива, мора да бидат исполнети следните два предуслови: постоење на Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам, како и Закон за потекло на имотот.

И додека Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело финансирање на тероризам постои (со сите свои добри и лоши страни), во нашава земја сеуште нема Закон за потекло на имотот. Ако еден од двата предуслови недостига, јасно е дека целиот процес на спречување на перење на пари ќе биде неадекватен, некомплетен и нема да може да одговори на предизвиците што ги поставува современиот начин на работење на финансиските институции. Законот за потекло на имотот, треба да ги прецизира формите на легално стекнување на имотот, негово пријавување кај надлежните органи од страна на правните и физичките лица, како и назначување на контролни институции кои ќе го регулираат спроведувањето на овој Закон. На тој начин, финансиските институции се концентрираат на своите вообичаени функции и истите ги извршуваат  поефикасно. Поефикасна ќе биде борбата со перењето на пари затоа што извештаите за извршени сомнителни трансакции ќе станат пореални, а оние институции кои досега не доставиле до Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризан ниту еден таков извештај, ќе може да бидат полесно контролирани и санкционирани во случај на непочитување на одредбите од сферата на спречувањето на перење на пари.

За жал, таков закон кај нас не постои. Со тоа, финансиските институции се доведени до една навистина неблагодарна позиција. Не е нивна работа да го испитуваат потеклото на имотот на комитентите. Уште помалку, да ја испитуваат легалноста или нелегалноста на средствата. Улогата на финансиските институции процесот на спречување на перење на пари е превентивна. Превенцијата подразбира утврдување на идентитетот на коминтентот, испитување на неговиот бонитети, интегритет итн. Финансиската институција не може да се увери во веродостојноста на изјавата на коминтентот дека неговите средства имаат легално потекло. Таа институција нема ниту капацитет, ниту пак реална потреба да го испитува потеклото на имотот. Непостоењето на Закон за потекло на имотот фактички ги претвора финансиските институции во полицајци кои мораат да го испитуваат потеклото на имотот на своите коминтенти. Во современиот свет истражната функција е непоимлива за финансиските институции, со таа дејност треба да се занимаваат сосема други органи (финансиска полиција, управа за јавни приходи итн.). Непостоењето на Закон за потекло на имотот, во одредена мера значи повреда на презумпцијата на невиност на граѓаните од непотребна виктимизација, поради проверка на потеклото на нивниот имот. Овој проблем е посебно карактеристичен за земјите кај кои доминира плаќањето во готови пари и кај кои постои одреден степен на недоверба во банките и другите финансиски институции. Во таква ситуација, финансиските институции се соочени со проблемот на чување на деловна тајна, а нивните коминтенти со непотребна виктимизација.

Д-р Гоце Трајковски

Можеби ќе ве интересира

Шверц

Шверц

Русија одново на агендата на македонската политика

Русија одново на агендата на македонската политика

Мини шенгенот- можност за перспектива или кукавичко јајце „подарок“ од Макрон

Мини шенгенот- можност за перспектива или кукавичко јајце „подарок“ од Макрон

Нестабилни движења на извозот и увозот на македонското земјоделство

Нестабилни движења на извозот и увозот на македонското земјоделство

Денот на Републиката

Денот на Републиката

Три децении од паѓањето на берлинскиот ѕид – (не)научени лекции

Три децении од паѓањето на берлинскиот ѕид – (не)научени лекции

Се нуди политички „трет пат“- по којзнае кој пат

Се нуди политички „трет пат“- по којзнае кој пат