02 Мај, 2024
0.0258

Кој е и колку заработи лани најпрофитабилниот македонски фудбалски клуб?

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Сите осум фудбалски прволигаши (за кои има официјални и јавно достапни податоци од базата на берзата) лани има вкупен приход (агрегат) што одвај надминува 5 милиони евра од кои 2,5 милиони евра се приходи на ланскиот шампион тетовска „Шкендија“! Ова е бизнис реалноста на најквалитетната македонска фудбалска лига во која најголемата добивка е 58.000 евра, а повеќето клубови годината ја завршиле во загуба

Штипскиот повратник во првата македонска фудбалска лига ФК „Брегалница“ лани е најпрофитабилниот македонски фудбалски клуб во конкуренција на 10 клуба (акционерски друштва) чии резултати за лани се јавно достапни во базата на Македонската берза за хартии од вредност.

„Брегалница“ е клуб од најголемиот град во Источна Македонија кој има и најквалитетни услови за работа, а е компанија во приватна сопственост на штипскиот бизнисмен Кирил Гогов (доскорешен сопственик на ланецот супермаркети Кит-Го), а добива поддршка и од градскиот буџет.

Лани овој клуб имал приходи во вкупна вредност од 567.000 евра и годината ја завршил со добивка од 58.000 евра. Од трошоците кои изнесуваат 503.000 евра за вработените биле наменети 127.000 евра

Ланскиот шампион тетовска „Шкендија“ лани имал буџет од 2,5 милиони евра, од кои донации и спонзорства се 1,33 милиони евра и уште 950.000 евра се приходи од УЕФА за настапните во европските купови. Клубот за плати лани издвоил 1 милион евра. Финансиската 2021 година „Шкендија“ ја завршила со загуба од 390.000 евра. Тоа е и најголемата загуба во споредба со сите други клубови. За најголем финансиер на клубот важи тетовската компанија „Еколог“.

Најлутиот ривал на „Шкендија“ е „Шкупи“ од скопски Чаир кој годинава успеа да се закити со шампионската титула. Инаку овој клуб е наследник на скопска „Слога“ која исто така била првак на Македонија. Лани „Шкупи“ имал приходи од 1,12 милиони евра и годината ја завршил со добивка од 21.000 евра. Сопственик на “Шкупи“ е физичко лице турски државјанин кој до пред две години бил газда на фудбалскиот клуб „Челик“ од Зеница, Босна и Херцеговина.

Во групата на клубови со среден буџет заедно со „Брегалница“ лани биле „Македонија“ од скопската општина Ѓорче Петров, „Ренова“ и клубот на најуспешниот македонски активен фудбалер Горан Пандев насловен како „Академија Пандев“.

„Македонија“ Ѓорче Петров лани финансиската година ја завршила со добивка од 1.900 евра, а приходите изнесувале 612.000 евра. Струмичкиот клуб „Академија Пандев“ имал буџет од 514.000 евра и завршил со загуба од 87.000 евра. „Ренова“ од Џепчиште има вкупен приход од 425.000 евра и годината ја завршила со загуба од 61.000 евра.

Најмали буџети лани од прволигашите имале „Пелистер“ и скопски „Работнички“. Битолскиот најпознат фудбалски клуб „Пелистер“ лани располагал со 300.000 евра и освен што испадна од Првата лига заврши и со загуба од 66.000 евра. Ако е за утеха, од ревизорските извештаи се гледа дека „Пелистер“ има најголем приходи лани од продадени билети. Од тоа инкасирал 17.000 евра.

Скопски „Работнички“ 2021 година ја завршил со загуба од 193.000 евра. Неговите вкупни приходи изнесуваат 227.000 евра меѓу кои се тие од УЕФА во износ од 60.000 евра. Расходите на „Работнички“ лани биле 727.000 евра, но благодарејќи на позитивниот биланс меѓу купување и продажба на играчи од што заработил 307.000 евра на крајот на годината загубата му изнесува 193.000 евра.

Р.Ф.

foto freepik.com/jannoon028

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?