Кој е „играчот“ што не се плаши од Google, Amazon и Apple?
Објавено во: Економија 29 Септември, 2017
Стриминг компанијата Roku е нов хит на берзите откако нивната иницијална јавна понуда помина многу подобро од очекуваното па така почетната вредност на една акција од 14 долари скокна на 23,5 долари. Вкупната почетна понуда на Roku изнесуваше 252 милиони долари, но инвеститорите покажаа голема доверба во овој нов „играч“ кој може да им се спротистави на гиганти како Google, Amazon и Apple.
Roku има свој смарт тв уред на кој се емитуваат различни видео содржини и успева да одржи атрактивност со квалитетните продукциски партнерства, како и одличните спонзорски договори кои му генерираат стабилни извори на приходи.
За споредба Apple TV засега не пласира реклами, а има најскапа ТВ конзола, Google целосно се потпира на Android TV компактибилноста со смарт телевизорите, додека пак Amazon има поевтина Fire TV конзола со премиум содржини, но се уште нивните серии не се добро прифатени од публиката.
Секако, стриминг пазарот е во пораст и на почеток повеќе компании ќе имаат бенефит, но аналитичарите предвидуваат дека само две до три компании ќе можат да се натпреваруваат на највисокото ниво бидејќи веќе се јавува сатурација и поделба на ТВ претплатниците кои имаат премногу избори што и од каде да гледаат.