18 Мај, 2024
0.0303

Кој е младиот скопјанец - во Булачани имал лабораторија за марихуана

Објавено во: Македонија 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Си садел марихуана во својот дом и си имал лабораторија за производство. Дваесет и шест годишен скопјанец сакал да заработи, но Полицијата и Обвинителството му ги поматија плановите. 

Од Обвинителството денеска соопштија дека по спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до скопскиот Основен кривичен суд поднело Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„На 2 март, на автобуска станица во населбата Хиподром, обвинетиот 26-годишник во рацете носел две најлонски ќеси со наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага, која веднаш му била одеземена од полициски службеници. Подоцна во неговиот автомобил, паркиран во неговиот двор, биле пронајдени три најлонски ќеси и една сина кутија со марихуана, како и еден шприц со хашиш масло. При претрес на домот на обвинетиот во селото Булачани, пак, било утврдено дека тој неовластено произведувал марихуана, за што набавил опрема и инсталирал лабораторија за одгледување. Притоа биле пронајдени и 69 саксии со засадено растение – канабис, како и метална кутија со шест полиетиленски паковки марихуана“, објаснуваат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог со кој побара да се продолжи претходно определениот притвор за обвинетото лице.​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8