26 Април, 2024
0.0281

Кој е најдобар “ПР специјалист“ во хрватската политика дознајте на Викенд Медиа Фестивал

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Прво големо истражување во соработка со агенцијата Ипсос

Новинарите кои ја следат работата на хрватските политичари ќе ги оценуваат политичките специјалисти за односи со јавноста со кои се во секојдневна комуникација

 Кој во светот на политичкиот ПР е достапен, брз, елоквентен, конкретен и коректен, а кој не се јавува на телефон кога е важно, ќе дознаеме на 12. Викенд Медиа Фестивал кој оваа година се одржува од 19. до 22. Септември во Ровињ.

Државните институции мора да бидат транспарентни во своето работење и да бидат на располагање да одговорат на медиумските прашања, но дали е тоа реалната слика во Хрватска? Личностите кои се задолжени за комуникации со медиумите понекогаш ги снемува од радарот, главно при проблематични ситуации, кои на нашата политичка сцена не и недостасуваат. Кој најдобро управува со комуникациите, а кој се служи со манипулации?

На Викенд Медиа Фестивал оваа година за прв пат ќе бидат прогласени најдобри хрватски политички специјалисти за односи со јавноста. Во анкетата која Викенд Медиа Фестивал ја организира во соработка со агенцијата Ипсос ќе учествуваат и новинари кои ја следат работата на Владата, Министерствата, Парламентот и Канцеларијата на Претседателоти ќе ги оценуваат специјалистите за односи со јавноста со кои најчесто соработуваат. Ќе ги споделат најдобрите и најлошите моменти со кои се соочиле, а ќе предупредат на проблемите во односите со ПР специјалистите, како и карактеристиките кои би сакале да ги видат кај колегите од другата страна на комуникацискиот канал.

“Квалитетна соработка помеѓу специјалистите за односите со јавноста и новинарите е навистина важна за двете страни, а веројатно и најпредизвикувачка кога се работи за политиката. Целта на овој избор е да се истакне најдобрата пракса како и да се укаже на областите во кои би можеле да бидеме подобри. Во анкетата ќе учествуваат политички новинари кои се во секојдневен контакт со специјалистите за односи со јавноста од тој сектор, па сигурни сме дека пофалните зборови за најдобрите ќе бидат заслужени“, истакна Никола Врдољак, Директор на Програмата на Фестивалот.

Резултатите на истражувањето ќе укажат на проблемите кои се појавуваат во односите новинар - ПР специјалист и како може во иднина да се подобри соработката.  

Задоволство ни е да учествуваме во проект чија намера е унапредување на целата комуникација како професија, истакнување позитивни примери и наградување на најдобрите. Резултатите од истражувањето ќе покажат каде сме денес и што треба да подобриме за да ја постигнеме крајната цел - вистински и целосно информирани граѓани“, истакна Анте Шалинович, Директор за истражување на медиумите и огласувањето во ИПСОС Адриа.

Најголемиот регионален фестивал на комуникации, покрај интересните предавања и провокативни и конструктивни расправи за трендовите во медиумската индустрија, е познат како место за најдобра забава. Овогодинешниот, дванаесетти Викенд Медиа Фестивал кој се одржува од 19. до 22. Септември во Ровињ има одлична музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката стана уметност и средство за отпор.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“