03 Мај, 2024
0.0577

Кој ќе биде следниот Агент 007?

Објавено во: Стил 01 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Фановите со нетрпение чекаат да дознаат дали Даниел Крег ќе се врати на големиот екран како Агент 007 по „Спектар“.

Стивен Спилберг сепак има други фаворити за улогата.

Идрис Елба, Џејмс Нортон и Ејдан Тарнер се можните заменици. Елба неодамна изјави дека е премногу стар за да игра шпион, но Спилберг инсистираше на тоа дека тој е идеална личност за 007.

„Јас сум голем фан на Бонд. Многу би сакал да видам еден поинаков Бонд. Идрис ќе ми е прв избор, ако Даниел не одлучи да се врати“, рече филмскиот магнат.

Стивен Спилберг, е американски режисер, сценарист и продуцент. Во кариера која трае веќе четири децении, филмовите на Спилберг покриваат многу теми и жанрови. Раните фантастични и авантуристички филмови стануваат примероци за современиот холивудски филм.

Во подоцнежните години неговите филмови почнуваат да влијаат на теми како холокаустот, ропството, војната и тероризмот. Тој се смета за еден од најпознатите и највлијателни режисери во историјата на кинематографијата.

Три од неговите филмови: „Ајкула„ (1975), „Суштество“ (1982) и „Паркот Јура“ (1993) го држат рекорди, како и секој од нив станал најпрофитабилен филм за своето време. Списание Форбс ја  проценува состојбата на Спилберг на 3 милијарди долари. Стивен Спилберг е витез -командор на Британската империја од 2001 година поради неговиот придонес во филмската идустрија.