17 Декември, 2024
0.0241

Кој си игра “бурлеска“ со буџетскиот минус?

Објавено во: Анализа 27 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Во октомври во буџетот се реализирале приходи во вредност од 192 милионин евра, додека во истиот месец буџетските раходи изнесуваат 214 милиони евра. Минусот во државната каса, само во овој месец изнесува 22 милиони. Опозициската СДСМ обвинува дека со десеттиот месец од годинава Владата  “потрошила“ дури 90% од  буџетскиот дефицит прокетиран со веќе ребалансираниот буџет. Од владеачката ВМРО ДПМНЕ возвратија дека опозициската партија продолжува со бурлескии дека дефицитот нема да надмине 3,9%. Повеќе приходи од даноци, казни и глоби, повеќе трошоци за плати, стоки и услуги! Според најновите податоци на Министерството за финансии, во октомври вкупните реализирани приходи од 192 милиони евра се повисоки во однос на оние во септември. Бројките покажуваат раст на приходите од даноци, придонеси и казни. Еве колку пари се собрани преку клучните даночни и неданочни извори : ДДВ                                                 56,1 милион евра Акцизи                                             27,1 милион евра Персонален данок                          13,4 милиони евра Административни такси и глоби  3,0 милион евра Додека кај сите овие буџетски приходи има раст во однос на септември, во истиот споредбен период има намалување на приходите од Данокот на добивка, основ по кој се слеале 2,9 милиони евра. На расходната страна, во октомври вкупните буџетски расходи изнесувале 214 милиони евра, пришто зголемување има кај сите издашни буџетскит ставки : за плати, трансфери, стоки и услуги. Ставката пак за “стоки и услуги“ само за еден месец е зголемена за 6,7 милиони евра. Намалување во однос на септември има кај ставката “капитални расходи“. Така, во октомври по овој основ се потрошиле 19,6 милиони евра.  За годинава Владата планираше капитални раходи во вредност од 328 милиони евра. Од опозициската СДСМ тврдат дека заклучно со десеттиот месец од годинава реализацијата на капиталните расходи изнесува  65% од планираните капитални расходи. “До крајот на годината владата  не може да ја промени оваа состојба драматично и според проценките, 2013 година ќе ја завршиме со капитални расходи од околу 250 милиони евра. Тоа ќе бидат најниските капитални инвестиции во последните 5 години  во апсолутен износ. Како процент од БДП тие ќе изнесуваат бедни 3,2%“ – вели Кире Наумов од СДСМ. Возвратија од владеачката ВМРО ДПМНЕ : “СДСМ добро знае дека најкрупните капитални проекти се во инфраструктурата, а дека Агенцијата за патишта од оваа година издвоена од Буџетот, согласно тоа и капиталните инвестиции кои се реализираат преку неа.“ – пишува во рекацијата на партијата. Буџетскиот дефицит во октомври изнесува 22 милиони евра, или заклучно со десеттиот месец вкупниот дефицит изнесува 279 милиони евра. Лани во истиот период буџетскиот дефицит изнесувал 73 милиони евра. СДСМ : Дефицитот ќе достигне 4,2%, ВМРО ДПМНЕ: Се мешаат баби и жаби! Според опозициската СДСМ, според овие буџетски позиции, веќе е потршен 90% од планираниот дефицит со ребалансираниот буџет. Оттука од СДСМ тврдат дека крајот на оваа економска година ќе заврши со дефицит од 4,2%. “Според најновите податоци од Министерството за финансии, во месец октомври, владата на ВМРО – ДПМНЕ, креирала буџетски дефицит од нови 22 милиона евра. Со тоа Владата до октомври остварила вкупен буџетски дефицит од цели 279 милиони евра. Тоа е скоро 100% од планираниот дефицит со буџетот за 2013 или 90% од буџетскиот дефицит планиран со ребалансот од пред десетина дена. Алармираме  дека овој тренд ќе продолжи во наредните два месеца и очекуваме дека годината ќе заврши со дефицит од цели 335 милиони евра или 4,2% од БДП.“ – велат од партијата. Возвратија од владеачката ВМРО ДПМНЕ. “СДСМ продолжува со своите бурлески. Прават споредба на реализација на Буџетот со планираното пред ребалансот. Кога веќе мешаат баби и жаби, зошто не прават споредба со 2001 година на пример, или со оние бројки што најубаво им изгледаат. Дефицитот за оваа година ќе биде 3,9 проценти, точно колку што е планирано со ребалансот, наведува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ,  е четврта најмалку задолжена земја во Европа и признанијата за добрите политики на оваа Влада доаѓаат од сите страни, вклучително и од ММФ и Светската банка. “Тоа е болката на СДСМ, која да беше на власт за време на светската економска криза ќе ја доведеше Македонија во ситуација и полоша од Грција. Грчкото сценарио, како што СДСМ милува да кaже, во тој случај ќе беше оптимистичко сценарио“ стои во реакцијата на владеачката партија. Од опозициската партија тврдат дека со вакво темпо на трошење, прсметките им покажале дека владата создава просечен месечен дефицит од по 28 милиони евра. “За да годината заврши со дефицит од 3,9% од БДП, владата во наредните 2  месеци треба да оствари дефицит од само уште 34 милиони евра. Тоа е невозможно со оглед на досегашниот тренд и дефицитот ќе биде далеку поголем од проектираниот во ребалансот. Од друга страна, зошто некој би му верувал  на ВМРО – ДПМНЕ кој лани оствари за околу 100 милиони евра поголем дефицит од планираниот за буџетот во 2012.“ – вели Кире Наумов од СДСМ. Со новиот буџет за 2014 та Владата прокетираше буџетски дефицит од 3,5% со тенденција во следните години да се намалува. Дел од меѓународните финансиски  предочија дека е потребно намалување на дефицитот и запирање на натамошниот раст на Јавниот долг. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.