Која американска компанија ќе вложи четири милиони евра во Македонија?
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018
Четири милиони евра инвестиција влегува на пазарот во Македонија.
Според најавите од Владата која вчера ја усвои информацијата за предлог - договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ се предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години.
„Теламон“ произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање а таа компанија води бизнис во Индијана, Илиноис, Калифорнија, Арканзас, Охајо, Њу Џерси, Канзас и Мисури, два меѓународни капацитети во Кина и еден во Мексико.